Трибина во Ѓорче Петров: Младите да се вакцинираат против морбили и ХПВ
Денеска во Општина Ѓорче Петров се одржа трибина посветена на кампањата за вакцинација против морбили и хпв кај младите генерации.
Ваквите настани се од клучно значење за здравјето на децата и младите изјави градоначалникот Александар Стојкоски. На трибината учествуваа експерти од здравствениот сектор, вклучувајќи ја д-р. специјалист Соња Ралева од поликлиника Битпазар, прим. д-р дерматовенеролог Ленче Нелоска, и претставници од здружението за одржлив развој БИОМ и Светската Здравствена Организација.
Тие ги претставија предностите на вакцините и ги разгледаа сите аспекти на нивната важност за заштита од сериозни заболувања. Градоначалникот истакна дека е важно да ја разбереме улогата на вакцините во заштитата на заедницата и да продолжиме со поддршката на вакциналните програми.
Тој повика сите родители и млади да се информираат, да поставуваат прашања и да се консултираат со медицински професионалци за најдобрите опции за вакцинирање. Здравјето на нашата заедница зависи од нашата заедничка посветеност. Со заеднички напори, можеме да постигнеме значајни резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа