Три вкусни напитоци за целосна детоксикација на телото
Детоксикацијата не мора да биде напорна ниту тешка. Овие три напитоци се наједноставниот и највкусниот начин телото да го ослободите од токсини.
Напиток со лубеница за детоксикација
Потребни сосотојки: 1шолја спанаќ, 1 краставица, 2 шолји лубеница, сок од еден лимон, 5 листови нане
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте.
Од оваа количина ќе добиете една до две чаши
Краставица детокс еликсир
Потребни состојки: 1 краставица, 3 стапчиња целер, една рака поточарка или три листови од глуварче, 2 моркови, сок од еден лимон.
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и добро промешајте.
Од оваа количина ќе добиете една до две чаши.
Освежителен напиток со нане и грејпфрут
Потребни состојки: 2 грејпфрута, 1 рака свеж магдонос, 1 рака свежо нане
Подготовка: Олупете го грејпфрутот и ставете го во блендер и додадете ги останатите состојки и добро промешајте. По потреба додадете и малку вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа