На тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната изборна комисија (ДИК) сега треба да го извести Собранието за новите пратеници кои ќе ги заменат испразнетите места.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на почетокот на собраниската седница информираше дека, согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик, со денот на верификација на мандатот градоначалник, на избраните лица им престанува пратеничкиот мандат.
Тројцата пратеници на кои им престана мандатот се:
- Бети Стаменковска-Трајковска – избрана за градоначалник на Кисела Вода.
- Јане Мицевски – избран за градоначалник на Сопиште.
- Дејан Проданоски – избран за градоначалник на Прилеп.
Со ова, ДИК треба да почне со постапка за пополнување на испразнетите места од листите на партиите од кои доаѓаат пратениците.

