Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три нови случаи на западнонилска треска во Македонија

    Три нови случаи на западнонилска треска во Македонија

    29.07.2026 во 17:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три нови случаи на западнонилска треска се потврдени во земјава, информираше министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека надлежните институции продолжуваат со следење на состојбата и спроведување превентивни мерки.

    Двајца од новозаболените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, додека еден пациент се лекува на Клиниката за неврологија. Кај пациентот на Неврологија инфекцијата засега е потврдена со еден тест, а во тек се дополнителни лабораториски анализи.

    „Кај овие пациенти се прават анализи со повеќе методи, вклучително и испитувања на ликвор и други примероци, а паралелно се спроведуваат и епидемиолошки анкети“, изјави Клековски.

    Министерот информираше дека се утврдени случаи кај лица кои не патувале надвор од државата, што укажува на тоа дека постои локална циркулација на вирусот. Дел од регистрираните заболени се од подрачјето на Скопско Поле, додека дополнителна анализа се врши и за случајот од Велес.

    Како превентивна мерка, Центарот за јавно здравје Скопје веќе започна со дезинсекција во радиус од 200 метри околу местата на живеење на потврдените случаи.

    Од Министерството за здравство посочуваат дека понатамошните активности ќе зависат од резултатите од епидемиолошките анкети и мапирањето на случаите, по што ќе се одлучува за евентуално дополнително прскање против комарци.

    Прочитај повеќе

    Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило

    23.10.2026 во 15:37

    Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си

    23.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.