Три лица загинаа, 12 се водат како исчезнати - чамец со мигранти се преврте кај Миконос

Најмалку три лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати кога брод со мигранти се преврте североисточно од грчкиот остров Миконос.

Крајбрежната стража утрово добила повик за помош, а морнаричката патрола на карпестиот брег пронашла двајца мажи, кои биле префрлени во пристаништето Миконос.

Тие на крајбрежната стража рекле дека од турскиот брег испловиле со пластичен чамец со уште 15 патници.

Во акцијата за спасување и пребарување биле пронајдени три тела. Акцијата продолжува и покрај силниот ветер.

Европа се соочува со голема мигрантска криза од 2015 година поради приливот на илјадници бегалци од Блискиот Исток и северноафриканските земји.

Мигрантите се обидуваат да стигнат до земјите на ЕУ користејќи различни рути, преку Италија, Грција, Турција и Балканот.

27.05.2023 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа