Три часа ќе блокираат клучен булевар: Угостителите на протест – незадоволни од петтиот пакет мерки

Угостителите утре излегуваат на протест. Според најавите од организаторите, протестот ќе се одржи на булеварот Александар Македонски во Автокоманда кој ќе биде блокиран цели три часа од 14 до 17 часот.

Перица Голомеиќ, сопственик на угостителски објект во изјава за ТВ 21 вели дека тие се незадоволни од петтиот пакет мерки за помош на стопанството.

-Не нѐ опфатија во петтиот пакет мерки како што очекувавме, вели тој.

Угоситителите бараат протоколи за работа, но бараат и финансиска помош бидејќи, како што велат, не можат да си ги исплатат обврските.

-Добивме парцијална помош за плати. Шест месеци државата, а пет месеци ние ги финансираме платите. Од тие причини ние излегуваме на протест, а излегуваат и од другите дејности како што сте музичари, фотографи, атељери за венчаница. Немаме делумна попреченост, ние сме 100% попречени, па загубите се огромни, неколку стотици илјади евра, рече Голомеиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега