На собраниската комисија за финансирање и буџет утрово поминаа измените на Законот за данокот на додадена вредност во прво читање. Остануваат уште неколку собраниски фази пред и официјално да плаќаме ДДВ на пратките кои ни доаѓаат од странство, главно оние од Тему и Али Експрес.

Во измените кои се најдоа денеска пред пратениците стои
Добрата кои се испраќаат од странство од физичко лице и ги прима физичко лице со живеалиште или одобрен престој во Република Северна Македонија се ослободуваат од давачки доколку вкупната вредност на пратката не надминува 22 евра во денарска противвредност. Притоа, добрата мора да бидат испратени бесплатно и увозот да биде од некомерцијална природа.

Доколку пратката содржи две или повеќе добра и нејзината вкупна вредност го надминува износот од 22 евра, ослободување се одобрува само до тој износ, но единствено за оние добра кои, доколку би биле испратени поединечно, би биле ослободени. Ако вредноста на поединечно добро ја надминува вредноста од 22 евра, неговата вредност не смее да се дели за да се стекне право на ослободување.

Ослободувањето не важи за:

  • тутун и производи од тутун,
  • алкохол и алкохолни пијалаци,
  • парфеми и тоалетни води.
Exit mobile version