Close Menu
    Најново

    Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

    11.12.2025 во 18:25

    Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    11.12.2025 во 18:13

    ЕУ со историcки потег: Договорено трајно замрзнување на руските средства

    11.12.2025 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана
    • Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина
    • ЕУ со историcки потег: Договорено трајно замрзнување на руските средства
    • Ќе се отстранува Зимзоленд – две недели работел без ниту една дозвола
    • Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд
    • Клодиан Брахо избран за нов шеф на албанското СЈО
    • „Сообраќајот во Скопје е непрепознатлив на подобро“: Д-р Лазаров го пофали ефектот на „Сејф Сити“
    • Фрлал со чаши кон новинарите, ги влечел и ги туркал – предложен притвор за лицето кое упадна во „Инфомакс“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството

    Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството

    18.09.2025 во 13:09
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените, се вели во соопштението од партијата кое го пренесуваме интегрално

    Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат се препознава и третира како кривично дело.

    „Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Бараме од судските органи да ја имаат во предвид ратификуваната Истанбулска конвенција и одредбите од Кривичниот законик којшто се усогласени со истата“, изјави Тренчевска.

    Оваа реакција доаѓа по двојното убиство во Велес, како и зачестените насилства врз жените што се случија во државата. 

    “Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени. Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата“, рече Тренчевска.

    Во своето обраќање, таа посочи дека насилството врз жените мора да биде јавно осудено и институционално санкционирано.

    „Ние, жените од парламентот, едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид. Ова реакција на Клубот на жени пратеничкисакаме да допре до сите граѓани и до сите институции во државата со цел ефикасна превенција, заштита и спречување на насилството врз жените“, изјави Тренчевска.

    Featured
    Популарно

    Навивачи од Словачка дивееле во авион на летот до Скопје – им забраниле влез во Македонија

    11.12.2025 во 09:51

    Проблем со Сејф Сити ако имате кола на лизинг

    11.12.2025 во 10:00

    Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија

    11.12.2025 во 10:07

    Астрологија 2026: Откријте го вашиот најсреќен месец и како да ги искористите планетарните моќи

    10.12.2025 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.