Тренчевска: Заедно со граѓанскиот сектор ги унапредуваме правата на маргинализираните групи на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во делот на спроведување на активности кои се од заеднички интерес во унапредување на вработеноста и вработливоста на Ромките како маргинализирана група граѓанки.

 

„Целта на овој Меморандум е да се воспостави одржлива соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Хера со што ќе го унапредиме Националниот оперативен план за вработување со мерките и услугите кои во согласност со потребите и капацитетите на целната група“ рече Тренчевска.

 

Министерката дополни дека зајакнувањето на капацитетите на стручните служби и административните работници се исто така вклучени во програмите за вработување за работа со Роми.

 

„Преку заеднички заложби ќе дизајнираме специфични мерки за вработување на Ромки и адаптирање на постоечките мерки во Оперативниот план за вработување во согласност со потребите и капацитетите на целната група во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Исто така ќе обезбедиме финансиски средства од Буџетот на РСМ и меѓународни донатори за успешна имплементација на мерките.“  истакна Тренчевска.

 

Двете страни се согласија на плодна соработка која ќе придонесе до поголема еднаквост во правата на сите граѓани на државата.

Министерство за труд и социјална политика

 

17.05.2022 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега