Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио

    Тренчевска: Нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио

    15.01.2026 во 09:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Се покажа дека ставот на СДСМ да не учествува на лидерската средба е целосно правилен, нема да бидеме алиби на еден лажен дијалог и нема да бидеме алиби за предвремени парламентарни избори по однапред подготвено сценарио, нема да бидеме алиби за укинување на техничката влада, порача потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната дебата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ 24.

    Тренчевска посочи дека во државата се уште не постои зрелост за укинување на техничката влада, додавајќи дека не може селективно и по потреба да се одлучува дали техничката влада ќе опстои или ќе се укинува, односно да се каже дека за следните избори ќе постои, а за некои идни ќе се укине.

    „Кога ќе дојде времето, ако покажеме демократски капацитет на институциите и зрелост, тогаш може повторно да седнеме и да разговараме и да разговараме дали ќе се укине. Институциите не се ниту демократски, ниту пак власта е демократски зрела за да можеме да ја укинеме техничката влада. Впрочем, тоа се виде и на локалните избори во 2025 година, каде што водовме каков притисок на локално ниво се изврши преку Министерство за внатрешни работи и преку Министерство за социјална политика, демографија и млади.  И затоа уште кога се најави лидерската средба, рековме дека нема да бидеме присутни, што сега по одржувањето се покажа дека е правилна одлука“, рече Тренчевска. 

    Во дебатата, Тренчевска укажа дека е поразително што на лидерската средба, не се разговарало за суштинските прашања, како е реформската агенда, економската состојба и стандардот на граѓаните. 

    „Во јуни 2025 не се донесе ниту еден закон од реформската агенда. Декември 2025 се пролонгира рокот, не се донесе ниту еден од пакетот а особено во делот на  владеењето на правото. Да, имаме единствено еден закон од тој пакет на 12 закони, Законот за судски совет, во кој што впрочем не се инкорпорирани ниту препораките, на Оценската мисија, ниту на Венецијанската комисија. Не слушнавме ниту една дискусија или заклучок од оваа лидерска средба за економската состојба на граѓаните. Имало барање од политичките лидери, меѓутоа во заклучоците, освен за техничката влада, ние немаме ништо друго како резултат од ова“, рече Тренчевска.

    Притоа, Тренчевска предупреди дека власта единствено што прави со секоја политика е изолација на државата. 

    „Ако владата продолжи да поднесува закони од реформската агенда кои се спротивни на она што го бара Европската Унија, тоа значи дека ВМРО не сака државата да биде дел од ЕУ, туку да биде дел од некој друг сојуз што ќе работи исклучиво во интерес на партијата, а не на граѓаните“, рече Тренчевска.

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Германија со 100 милиони евра за спречување нов бегалски бран од Блискиот Исток

    06.03.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.