Close Menu
Press24
    Најново

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра

    11.03.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Пренџов: Целта на работната група за Изборниот законик е да се дојде до подобар и поквалитетен изборен процес
    • Бебе пингвин во ЗОО Скопје: нова надеж од Хумболт видот
    • Мицкоски на средба со големите маркети: Нема да дозволиме профитерство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните

    Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните

    11.03.2026 во 21:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На оваа власт не ѝ е во интерес животниот стандард на граѓаните, туку како да ги заштити своите бизниси и приватните компании, истакна потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на Телма. 

    Таа се осврна на растот на цените на нафтата, храната и другите основни производи како последица на војната во Иран и на фактот што власта нема одговор како да се справи со кризата.

    „Бензинот се покачи, а цената на зејтинот е над 100 денари во маркетите и се најавуваат нови поскапувања. Мерки се потребни, џабе е што премиерот ги моли големите маркети да не ги покачуваат цените“, нагласи Тренчевска.

    Таа потсети дека СДСМ предложи конкретни мерки но власта ги одби.

    „Пред еден ден излеговме со барање Владата да ја намали акцизата за 4 денари и ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 5 проценти. Имаме право на тоа, затоа што сме носеле одлуки во една ваква криза за доброто на граѓаните и за подобрување на нивниот животен стандард“, нагласи Тренчевска.

    СДСМ има право да предлага вакви решенија, додаде Тренчевска, затоа што и во минатото носеше конкретни одлуки во време на криза, со цел заштита на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард.

    „Очигледно е дека наместо заштита на животниот стандард на граѓаните, нивниот приоритет е заштита на интересите на одредени приватни компании“, порача Тренчевска.

    Популарно

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – за неколку дена почнува летното сметање на времето

    11.03.2026 во 12:07

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.