Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените
деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 8,98%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,453 ден/кг.
- СДСМ со итни барања до Владата: Намалете го ДДВ-то за горивата и храната за да се спречи ценовен шок
- Трагедија на патот Виница-Кочани: Едно лице загина, повеќе повредени во тежок судир на две возила
- Кавадарчанец два пати приведен во еден ден: Го уапсиле со мопед без дозвола, го пуштиле, па по неколку часа го фатиле во „Голф“
- Петмина уапсени за семејно насилство, нападнати деца, татковци и сопруги
- Важна вест за корисниците на Инстаграм: Имате рок до 8 мај да ги зачувате вашите приватни разговори
- Падна вработен во велешка банка: „Испразнил“ туѓа сметка, си подигнал 249.990 денари
- Приведен Грк на „Богородица“: Се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола
- Сообраќајка во Скопје: Возило на МВР се судри со такси, двајца повредени завршија на клиника


