Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените
деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 8,98%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 89,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 4,867 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,453 ден/кг.
- Тешка сообраќајка кај Долно Палчиште: Мотоциклист и деветгодишно дете завршија во болница
- Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието
- Иран не бара примирје: Аракчи порача дека војната ќе заврши само со конечно решение
- Филипче од Кочани: Не постојат зборови што можат да ја опишат болката
- Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ
- Комеморација за Кили во среда во МНТ
- Подгответе се за голем пресврт: Ладен бран носи дожд и снег во Македонија
- Ужас во Охрид: Ја нападнал сопругата во ресторан и во апартман

