Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.
Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,542 (денари/килограм)
- Роберт Голоб прогласи победа во Словенија
- Малолетници со чашка во рака – Полицијата упадна во 12 угостителски објекти во Аеродром, 3 ќе се соочат со кривични
- Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции
- Среќни вести: Костадинов ќе стане татко, познат полот на бебето и името
- Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
- Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
- Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
- Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува

