Страшна сообраќајна несреќа го потресе Сараево денеска, откако трамвај кој сообраќал на линијата кон Башчаршија излетал од шините и завршил на коловозот. Според официјалните потврди од босанското МВР, во несреќата загинало едно лице, а уште две се итно пренесени во болница со повреди.
Несреќата се случила на прометна раскрсница во близина на Националниот музеј и американската амбасада.
„Едно лице загина, а според првичните податоци две се повредени. На местото на настанот е излезен обвинител за да се утврдат причините за излетувањето“, потврди портпаролката на МВР, Мерсиха Новалиќ.

