Доналд Трамп упати серија жестоки напади кон поранешниот американски претседател Барак Обама преку својата социјална мрежа „Truth Social“. Во текот на само една вечер, Трамп објави над 50 пораки насочени кон неговите политички противници, каде Обама беше главната цел на неговиот гнев.
Трамп во една од објавите директно повика на правна пресметка и затворски казни за своите опоненти, обвинувајќи ги за најтешки кривични дела.
„Уапсете ги сите. Обвинете ги сите. Веднаш затворете ги поради издана, велепредавство и заговор за уривање на владата на САД. Но, почнете од Барак Обама“, напиша Трамп.
Поранешниот претседател ги повтори и недокажаните тврдења за шпионажа врз неговата кампања, нарекувајќи го сето тоа „најголемиот политички злостор во американската историја“.
Од друга страна, Барак Обама претходно ги отфрли ваквите напади како „бизарни“ и обид за привлекување внимание. Тој го критикуваше Трамп за споделување непристојни содржини, нагласувајќи дека семејствата на политичарите не смеат да бидат мета.
Иако Обама ја напушти Белата куќа пред речиси една деценија, Трамп не престанува со агресивната реторика, нарекувајќи го „ужасен претседател“ кој ја поделил нацијата.


