Француска патничка, која се заразила со хантавирус за време на патување со крузер, се наоѓа во критична состојба и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови. Ова го потврди лекар од париската болница „Биша“, каде што пациентката се лекува од тешка форма на болеста.

Според д-р Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести, вирусот предизвикал животозагрозувачки проблеми со срцето и белите дробови кај жената.

„Таа е на апарат за одржување во живот кој ја испумпува крвта низ вештачки бел дроб, ја снабдува со кислород и ја враќа во телото. Надежта е дека апаратот ќе го олесни притисокот доволно за да им даде време да заздрават. Ова е последна фаза од лекувањето со одржување во живот“, изјави д-р Лекјур.

Досега се регистрирани 11 случаи поврзани со крузерот „Хондиус“, од кои девет се веќе потврдени. Болеста досега однесе три жртви, вклучувајќи и брачна двојка од Холандија.

Бродот моментално е на пат кон Холандија каде ќе се врши целосна дезинфекција. Првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, смирува дека засега нема знаци за помасовна епидемија.

Exit mobile version