Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека многу лесно може да го реши финансискиот дефицит на Обединетите нации. Во изјава за „Политико“, тој посочи дека решението е во принудување на земјите-членки кои должат пари за членарина, веднаш да ги подмират своите обврски.

„Сè што треба да направам е да ги повикам овие земји… ќе испратат чекови за неколку минути“, изјави Трамп, додавајќи дека би го сторил тоа доколку ОН побараат помош од него. Сепак, претседателот одби прецизно да одговори дали Соединетите Американски Држави ќе ги исплатат сопствените долгови кон организацијата, кои се мерат во милијарди долари.

По предупредувањата од високи функционери дека ОН може да ги прекине операциите или да го затвори седиштето во Њујорк поради недостиг на готовина, Трамп истакна дека такво сценарио не е соодветно. Според него, организацијата има „огромен потенцијал“ и не треба да го напушта Њујорк, нагласувајќи дека ОН во иднина ќе треба да ги решаваат светските конфликти.

Exit mobile version