Close Menu
Press24
    Најново

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42

    Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен

    27.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Цврсто стојам зад изградбата на дата-центри
    • СДСМ: Да се испита како српски медиуми влегуваат во Македонија
    • Имаа само 5 и 12 години – родителите преживеаја, загинаа децата и дедото
    • Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија
    • МНР: Ја следиме постапката за сообраќајката во Словенија
    • Гаши: Во духот на соживотот да градиме заедничко општество
    • Нови детали: Две од жртвите во сообраќајката во Словенија се деца – стигна писмо до МНР
    • Петрова: Во Скопје нема политичка волја за Бугари во Уставот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    30.01.2026 во 10:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини за секоја земја која директно или индиректно ја снабдува Куба со нафта. Со овој потег, Вашингтон дополнително го засилува притисокот врз комунистичката власт во Хавана, која веќе се соочува со сериозен недостиг на енергенси.

    Трамп изјави дека мерката е донесена за да се заштитат американската „национална безбедност и надворешна политика од малигните дејствија и политики на кубанскиот режим“. Иако не прецизираше кои земји ќе бидат први на удар, наредбата овозможува воведување на т.н. „ad valorem“ давачки врз сите производи кои доаѓаат од државите-добавувачи.

    Американскиот претседател деновиве упати и директна порака до раководството во Хавана, оценувајќи ја ситуацијата на островот како критична.

    „Куба е многу блиску до пропаст. Тие ги добиваа своите пари од Венецуела, ја добиваа нафтата од Венецуела, но тоа веќе го нема“, изјави Трамп.

    По падот на Николас Мадуро во Венецуела, Куба го изгуби својот главен енергетски сојузник. Сега под притисок се наоѓаат и Русија, Мексико и Кина, кои се обидуваат да го пополнат вакуумот во снабдувањето. Трамп ги предупреди сите држави дека секои евентуални контрамерки ќе наидат на одмазда од страна на САД.

    Прочитај повеќе

    Крими мајсторија: Среде работно време украле дијаманти од музеј во Виена

    28.08.2026 во 10:47

    Москва му се закани на Лондон: Ќе нападнеме британски цели

    28.08.2026 во 09:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.