Close Menu
    Најново

    Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    30.01.2026 во 10:41

    Време е за жена на чело на ОН: Гутереш со јасна порака пред истекот на мандатот

    30.01.2026 во 10:29

    Ќе нема струја до 15:30 – ЕВН најави неколку исклучувања

    30.01.2026 во 10:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба
    • Време е за жена на чело на ОН: Гутереш со јасна порака пред истекот на мандатот
    • Ќе нема струја до 15:30 – ЕВН најави неколку исклучувања
    • Хаос во Советот на Град Скопје: Именувани 117 членови во управни одбори без доставени биографии
    • Денеска е Свети Антониј Велики
    • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на ССМ на чело со Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години 
    • СДСМ: Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи
    • Камионџиите од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадата – ќе чекаат да дојде 3 февруари
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    Трамп со нов удар врз Хавана: Царини за сите земји што ѝ продаваат нафта на Куба

    30.01.2026 во 10:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини за секоја земја која директно или индиректно ја снабдува Куба со нафта. Со овој потег, Вашингтон дополнително го засилува притисокот врз комунистичката власт во Хавана, која веќе се соочува со сериозен недостиг на енергенси.

    Трамп изјави дека мерката е донесена за да се заштитат американската „национална безбедност и надворешна политика од малигните дејствија и политики на кубанскиот режим“. Иако не прецизираше кои земји ќе бидат први на удар, наредбата овозможува воведување на т.н. „ad valorem“ давачки врз сите производи кои доаѓаат од државите-добавувачи.

    Американскиот претседател деновиве упати и директна порака до раководството во Хавана, оценувајќи ја ситуацијата на островот како критична.

    „Куба е многу блиску до пропаст. Тие ги добиваа своите пари од Венецуела, ја добиваа нафтата од Венецуела, но тоа веќе го нема“, изјави Трамп.

    По падот на Николас Мадуро во Венецуела, Куба го изгуби својот главен енергетски сојузник. Сега под притисок се наоѓаат и Русија, Мексико и Кина, кои се обидуваат да го пополнат вакуумот во снабдувањето. Трамп ги предупреди сите држави дека секои евентуални контрамерки ќе наидат на одмазда од страна на САД.

    Популарно

    Петрушевска објави убава вест за Македонија: ПССЕ го затвори пост-мониторинг дијалот со Македонија

    29.01.2026 во 23:15

    Критично на Шар Планина: Прогласен висок степен на опасност од лавини, веќе е регистрирана првата појава

    29.01.2026 во 10:56

    Хаос во Советот на Град Скопје: Именувани 117 членови во управни одбори без доставени биографии

    30.01.2026 во 10:11

    Тешко на Данците: В пензија дури на 70 години

    29.01.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.