Во ек на глобална енергетска криза и нафта над 100 долари за барел, американскиот претседател Доналд Трамп објави инвестиција од неверојатни 300 милијарди долари. Во Браунсвил, Тексас, ќе се гради првата нова рафинерија за нафта на американско тло по половина век, проект насловен како „America First Refining“.

Инвестицијата доаѓа во партнерство со индискиот енергетски гигант „Reliance“. Според Трамп, ова е директен резултат на неговата политика за намалување на даноците и забрзано издавање дозволи. Новиот капацитет има за цел да ја зајакне енергетската независност на САД во време кога конфликтот со Иран предизвикува опасни флуктуации на светските берзи.

Exit mobile version