Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли шпекулациите за брзо повлекување на американскиот надзор врз Венецуела, најавувајќи дека присуството на САД ќе трае значително подолго од очекуваното.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, на директно прашање дали надзорот ќе трае три месеци, шест месеци или една година, Трамп беше дециден: „Би рекол многу подолго. Само времето ќе покаже колку долго ќе биде тоа“.

Според американскиот претседател, ова не е окупација, туку процес на „обнова на Венецуела на многу профитабилен начин“. Тој истакна дека координацијата со локалните власти е на високо ниво и дека целта е стабилизација преку искористување на природните ресурси на земјата.

Exit mobile version