Трамп: Продолжува најголемиот лов на вештерки досега

Поранешниот американски претеседател Доналд Трамп, кој не присуствуваше на вчерашното изрекување на пресудата за сексуален напад, се огласи на социјалната мрежа „Truth Social“ каде што ја нарече пресудата „срамна“. Тој повтори дека „апсолутно нема поим која е оваа жена“ и дека пресудата е „продолжение на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“.

Овој случај нема правно дејство кога станува збор за кандидатурата на Трамп за претседателската кампања за претстојните претседателски избори, бидејќи како што објаснува Си-ен-ен, станува збор за граѓанска тужба.

Федералната порота во Менхетен го прогласи Трамп за виновен за сексуален напад и клевета на новинарката И. Џин Керол во 1990-тите. Со оглед на тоа дека се работи за граѓанска тужба, на Трамп не му се закануваат криминални последици, но ќе треба да плати милионска отштета. Но, прашањето е дали случајот ќе им наштети на неговите планови да се врати во Белата куќа како претседател на изборите во 2024 година.

Според пресудата на деветчлената порота на судот на Менхетен, Трамп сексуално ја злоставувал Керол, а потоа ја наклеветил нарекувајќи ја лажго и велејќи дека направила се за да ја зголеми продажбата на книгата што ја напишала. Исто така, со пресудата е одредена и парична казна во износ од околу пет милиони долари на име обештетување и штети причинета на Керол.

Поранешниот американски претседател нема да мора да ја плати казната додека се разгледува неговата жалба, објави портпаролот Стивен Чеунг веднаш по пресудата.

10.05.2023 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега