Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Со нашата политика Македонија е безбедна во овие тешки времиња

    03.03.2026 во 08:36

    Пукање во Чаир

    03.03.2026 во 08:31

    Со месеци ја следел – Скопјанка пријавила тортура од поранешниот партнер

    03.03.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Со нашата политика Македонија е безбедна во овие тешки времиња
    • Пукање во Чаир
    • Со месеци ја следел – Скопјанка пријавила тортура од поранешниот партнер
    • Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка
    • Едукативна активност „Имам став“ за ученици од средните училишта 
    • Уште две недели казна од 45 евра за овој прекршок – Важи и кога има сонце
    • Наредена обдукција, се вршат разговори – ОЈО со детали по трагедијата во Карпош
    • Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп повторно навреди новинарка – дали си глупава?

    Трамп повторно навреди новинарка – дали си глупава?

    28.11.2025 во 19:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп повторно влезе во остар судир со медиумите, откако со навредливи зборови ѝ се обрати на новинарка која го праша за неговите тврдења поврзани со неодамнешното пукање во Вашингтон, пренесува Индипендент.

    Инцидентот се случи кога новинарката го доведе во прашање ставот на Трамп дека администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден не спровела соодветни безбедносни проверки за авганистанските државјани кои во 2021 година дошле во САД преку програмата Operation Allies Welcome.

    Трамп ја прекинал новинарката и ја навредил, прашувајќи ја дали е „глупава личност“. Тој додал дека луѓето за кои зборува „дошле со авион заедно со илјадници други што не требало да бидат таму“.

    Прашањето се однесувало на случајот со Рахманулах Лаканвал, осомничен за убиството на припадничката на Националната гарда, Сара Бекстром. Според властите, Лаканвал пристигнал во САД токму преку евакуациската програма по падот на Кабул.

    Овој инцидент е само еден во низа судири на Трамп со новинарите. На 18 ноември, тој користел навредливи зборови и кон новинарката Катрин Луси од Блумберг, велејќи ѝ да „молчи“ кога се обидела да постави дополнително прашање во врска со случајот на Џефри Епштајн.

    Настаните повторно ја отворија дебатата за односот на американскиот претседател кон медиумите и за употребата на навредлив речник во јавната комуникација.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.