Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

– Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали.

Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор.

Нема да кажам. Знам очно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават тоа, па ако можат тие, можеме и ние, посочи Трамп. 

Exit mobile version