Трамп попушта: Клучна агенција во САД ја призна победата на Бајден на изборите

Американската Агенција за општи работи (ГСА) го извести избраниот претесдетел Џо Бајден дека администрацијата на Трамп е подготвена да го започне процесот на транзиција, односно пренос на влсата, пренеси синоќа СНН.

Транзициониот тим на Бајден ввеча добил писмо  од директоркта н ГСА Емили Гарфи, која ја постави Трамп, дека може формално да се започне со транзицијата.

Си-Ен-Ен додава дека ова писмо е првиот чекор преземен од администрацијата за да го признае поразот на Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, што се случува повеќе од две недели откако Бајден беше прогласен за победник по проекцијата на американските медиуми.

Марфи рече дека Белата куќа не изврши притисок врз неа да ја одложи официјалната транзиција и дека таа не ја донела одлуката од страв или од фаворизирање на едната страна.

"Ве молиме, бидете свесни дека одлуката ја донесов независно, водејќи се од законот и достапните факти. Никој никогаш не ме притиснал од Белата куќа или ГСА за да го сторам тоа. Да бидам јасен, дури не ми е наредено да го одложувам решението", рече таа.

Ова писмо е знак дека Марфи официјално ја признала победата на Бајден, со што ќе започне преносот.

Овој потег уследи откако државата Мичиген потврди дека 16 изборни гласови му припаднаа на Бајден, а Џорџија тоа го стори во петокот, додека Пенсилванија тоа се очекува наскоро.

По овој повод се огласи и Доналд Трам на Твитер.

"И благодарам на Емили Марфи од ГСА за нејзината решителност и лојалност кон нашата земја. Тие ја малтретираа, се закануваа и малтретираа. Не сакам да видам да и се случи на неа, на нејзиното семејство или на вработените во ГСА. Нашиот случај продолжува, ќе се бориме."И верувам дека ќе победиме! Без оглед на сè, во интерес на нашата земја, но и на Емили и нејзиниот тим, ги советувам да го сторат тоа што треба да го сторат според протоколот и му го кажав и на мојот тим истото", напиша Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега