Изјавата за наводен удар во Венецуела дојде без координати, без снимка и без официјален брифинг, но со доволно политичка тежина за да го подигне прагот на тензија во Карибите. Во радио-интервју за њујоршкото WABC, Доналд Трамп рече дека американските сили „нокаутирале“ „голем погон, голем објект“ од каде што „излегуваат бродовите“, тврдејќи дека ударот бил изведен „пред две ноќи“ и дека „ги погодиле многу силно“.

Контекстот, според американските медиуми, е пошироката кампања што Белата куќа ја врзува со спречување на шверц на дрога и притисок врз режимот во Каракас. Но клучниот проблем остана ист: Трамп не понуди детали каде се случил нападот, каква е штетата, дали има жртви и дали станува збор за нова фаза на операциите што би значела директни удари на копно. Пентагон, според истите извештаи, ги пренасочил прашањата кон Белата куќа, додека ЦИА одбила коментар.

„Њујорк тајмс“, како што се пренесува, објавил дека американски официјални лица ударот го врзале со уништен објект поврзан со дрога, но без дополнителни детали. Ако тврдењата се точни, тоа би било прв јавно познат копнен напад во Венецуела во рамките на актуелната кампања. Каракас, според досегашните информации, јавно не реагирал

Exit mobile version