Close Menu
Press24
    Најново

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп по смртта на Доли Партон: „Знамињата една недела на половина копје, никој нема да биде како неа”

    Трамп по смртта на Доли Партон: „Знамињата една недела на половина копје, никој нема да биде како неа”

    26.08.2026 во 09:412 Mins Read
    Доналд Трамп, претседател на САД
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и глумица Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.

    -„Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Во нејзина чест, наредувам спуштање на американското знаме ширум Соединетите Држави на период од една недела, почнувајќи од 18:00 часот. Почивај во мир, Доли! Светот те сака“, наведе Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

    Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката Доли Партон почина на 80-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот внук во видео на Инстаграм.

    Партон во последниот период имаше здравствени проблеми поради кои откажа и одложи повеќе јавни настапи. Само неколку дена пред смртта таа зборуваше за својата здравствена состојба и за тешкиот период по смртта на нејзиниот сопруг Карл Дин во март 2025 година, со кого беше во брак речиси шест децении.

    Во текот на кариерата што траеше неколку децении, Партон стана една од најуспешните кантри пејачки на сите времиња, со повеќе од 160 милиони продадени албуми низ целиот свет. Покрај музиката, таа имаше и значајни актерски улоги, вклучително и во филмовите „9 до 5“ и „Челични магнолии“.

    Таа го издаде својот прв албум „Здраво, јас сум Доли“ во 1967 година, а меѓу нејзините најпознати песни се „Jolene“, „I Will Always Love You“ и  „9 tо 5“.

    Родена во 1946 година во Тенеси во сиромашно семејство со 12 деца, Партон почнала да пишува песни уште како дете. На 13 години веќе настапувала во легендарното „Grand Ole Opry“, а по преселбата во Нешвил започнала кариера која ќе трае повеќе од шест децении.

    Нејзините песни „Jolene“, „9 to 5“, „Coat of Many Colors“ и „I Will Always Love You“ станаа дел од американската музичка историја. Последната подоцна доби нова светска популарност во изведба на Витни Хјустон. Партон во текот на животот напишала околу 3.000 песни, а повеќе од 100 милиони нејзини плочи и албуми биле продадени низ светот.

    Освои 11 Греми награди, меѓу кои и награда за животно дело, а во 2022 година беше примена во Rock and Roll Hall of Fame.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.