Трамп партнер со ѕвезда од кантри музиката, ќе продава библии


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека почнува платено партнерство со ѕвезда од кантри музиката за да понуди примероци од Библијата на продажба, додавајќи дека тоа е негова „омилена книга“.

Во вторникот, на својата платформа Truth Social, Трамп ги покани поддржувачите да ја купат оваа верзија на Библијата, бидејќи поранешниот претседател излегува на сцената на секој митинг на песната „God Bless America“ од кантри пејачот Ли Гринвуд, пренесува АП.

„Среќна Света недела! Ајде да ја натераме Америка повторно да се моли. Додека се упатуваме кон Велики петок и Велигден, ве охрабрувам да добиете примерок од „Бог да ја благослови Америка“, напиша Трамп, упатувајќи ги своите поддржувачи на веб-страница каде што книгата се продава за 59,99 долари.

Според АП, најавата за продажба доаѓа во време на финансиската криза на Трамп додека тој се бори со четири кривични обвиненија заедно со серија граѓански обвиненија.

27.03.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега