Американската администрација под водство на Доналд Трамп подготвува план кој звучи како сценарио од филм. Според најновите информации кои ги пренесуваат американските медиуми, Белата куќа сериозно размислува да им исплати на жителите на Гренланд суми кои се движат од 10.000 па сè до неверојатни 100.000 долари по лице.
Целта на оваа „финансиска инјекција“ е јасна: да се придобие локалното население да поддржи отцепување од Данска и потенцијално приклучување кон Соединетите Американски Држави. Иако логистиката за ваква масовна исплата сè уште не е дефинирана, самата најава предизвика вистински земјотрес во дипломатските кругови во Копенхаген и Брисел.

