Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот на Катар: Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток

    06.03.2026 во 11:56

    Ѓорѓиевски: Наша обврска е да ги заштитиме децата во дигиталниот свет

    06.03.2026 во 11:47

    Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

    06.03.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот на Катар: Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток
    • Ѓорѓиевски: Наша обврска е да ги заштитиме децата во дигиталниот свет
    • Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството
    • Гори куќа на Водно
    • Цените на нафтата се удвојуваат поради конфликтот во Иран
    • Голем пресврт за четири хороскопски знаци – ги чекаат најтурбулентните недели во годината
    • Дигитално поврзување на преку 10 000 македонски микро и мали компании
    • Баба Ванѓа го предвидела почетокот на глобална војна во 2026 година – се спомнуваат уште три црни сценарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп најави „чистење“ во Иран: Имам свои кандидати за нов лидер и се грижам за нивната безбедност

    Трамп најави „чистење“ во Иран: Имам свои кандидати за нов лидер и се грижам за нивната безбедност

    06.03.2026 во 08:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп, во ексклузивно интервју за „Ен-би-си“, порача дека неговата администрација цели кон целосна промена на власта во Иран. Трамп откри дека веќе има неколку потенцијални кандидати за нов ирански лидер и дека САД преземаат конкретни мерки за нивна заштита додека траат воените дејствија.

    „Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави Трамп во телефонски разговор, нагласувајќи дека не сака процесот на обнова на земјата да трае со децении.

    Во дополнително интервју за „Аксиос“, претседателот на САД беше уште подиректен околу својата улога во иднината на Техеран:

    „Сакаме тие да добијат добар лидер. Имаме неколку луѓе за кои мислам дека би биле одлични за работата. Да, се грижиме за нивната безбедност“, потврди Трамп, одбивајќи да ги открие имињата на фаворитите.

    Трамп ги отфрли најавите на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за можна копнена инвазија, нарекувајќи ги „бесмислени“. Според него, Иран веќе ги загубил сите воени капацитети, вклучувајќи ја и морнарицата, а нападите врз земјата ќе продолжат со несмален интензитет.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Почина поранешен македонски пратеник – Го загуби синот во автобусот на „Дурмо турс”

    06.03.2026 во 08:35

    Продолжен притворот на Стојанче Јовановски – Трагедијата во Карпош ја крена Македонија на нозе

    06.03.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.