Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повлече клучниот потег за контрола над Јужна и Централна Америка. Генерал-потполковник Франсис Л. Донован е номиниран за нов шеф на Јужната команда (SOUTHCOM), во време кога тензиите во Карипското Море достигнуваат точка на вриење.

Донован доаѓа на местото на адмирал Алвин Халси, кој ја напушти функцијата на 12 декември. Според американските медиуми, заминувањето на Халси не е само обично пензионирање, туку резултат на длабоки несогласувања со агресивната тактика на Пентагон.

Халси наводно изразил резерви кон жестоките напади врз бродови на осомничени шверцери на дрога, операции во кои досега животот го загубија 104 лица.

Со именувањето на Донован, Трамп испраќа јасен сигнал дека нема намера да ја запре офанзивата во близина на брегот на Венецуела, каде САД распоредија силни поморски сили.

Овие потези се дел од пошироката стратегија на Трамп за борба против нарко-тероризмот, но Каракас ги гледа како директна подготовка за инвазија и грабеж на нафтените ресурси.

Exit mobile version