Американскиот претседател Доналд Трамп со последната објава на социјалната мрежа Truth ги крена глобалните тензии до точка на вриење. Тој упати досега најдиректна и најбрутална закана до Техеран, најавувајќи уништување од размери кои, според многу воени експерти, суптилно сугерираат употреба на неконвенционално, па дури и нуклеарно оружје.
„Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од досега. Ќе уништиме цели што ќе го оневозможат Иран некогаш да се обнови како нација. Смрт, оган и бес ќе владеат над нив“, напиша Трамп.
Ваквата реторика за „целосно оневозможување на обнова на нацијата“ доаѓа во момент кога американско-израелската воена операција се соочува со потешкотии на теренот, што ги подгрева сомнежите дека Вашингтон размислува за радикални воени чекори доколку биде блокиран Ормутскиот теснец.

