Трамп ја укина тајноста на документите: Таен план за запирање на Кина што ќе ја вовлече Австралија и во војна

 

Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина тајноста на некои наводно тајни државни документи на САД, кои беа пронајдени на страницата Викиликс, а кои можат да предизвикаат „земјотрес во светот“, пренесуваат странските медиуми.

Документите исто така покажуваат дека САД ќе го бранат Тајван во случај на кинески напад, што може да ја вовлече Австралија во војна со најнаселената моќ во светот, наведува Дејли Меил.

Советниците на Трамп се подготвени да го бранат правото во синџирот острови во источна Азија и сакаат Соединетите држави да не дозволат Кина да доминира, ни на море, ни во воздух, доколку се појави конфликт

Исто така, се наведува дека либералниот сенатор Џим Молан предвиде војна меѓу САД и Кина во рок од десет години, заради Тајван.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега