Американскиот претседател Доналд Трамп кој вчера ја нарече Шпанија „ужасен партнер” и побара целосно запирање на трговијата, падрастично го промени мислењето.
Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“ во контекст на спорот околу трошоците за одбрана во НАТО. Главната причина е тоа што Трамп смета дека Шпанија не издвојува доволно средства за одбрана и не ја следи неговата иницијатива со која сојузниците треба да трошат 5% од БДП за одбранбени цели. Шпанската влада, пак, не се согласи со таа цел и смета дека таквото зголемување не е соодветно за нејзините економски и социјални приоритети.
-„Шпанија е единствената земја која не се согласува да плати. Мислам дека тоа е ужасно за НАТО. Тие имаат многу давање, а многу малку земање. Искрено, мислам дека Шпанија е ужасен партнер”, рече Трамп.
Само неколку часа подоцна, враќајки се од Анкара во Вашингтон, тој го смени мислењето.
-„Морам да признаам дека имав проблем со Шпанија, и се уште имам, но денес Шпанија целосно се искупи. Денес беше многу дарежлива и се согласија на значајно финансиско барање, а доколку не го стореа тоа, немаше да разговараме со нив”, рече Трамп.


