Иранското воено раководство упати сериозни закани кон САД и Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на воените операции против Исламската Република. Централната команда на иранските вооружени сили, Хатам ал-Анбија, предупреди дека следува „уште поразорен и посеопфатен“ одговор.
-„Подгответе се за наши мерки што ќе бидат уште поуништувачки и пообемни,“ соопшти командата во четврток, обраќајќи се директно до Вашингтон и Тел Авив. „Со доверба во Семоќниот Бог, оваа војна ќе продолжи сè додека не бидете понижени, обезчестени, исполнети со трајно каење и принудени да се предадете.“
Претходно, Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до исполнување на своите воени цели во Иран, навестувајќи дополнителни напади. Во обраќањето кон нацијата во средата, тој порача:
-„Ќе ги вратиме во камено доба,“ повторно заканувајќи се со удари врз клучната иранска енергетска инфраструктура. Според Трамп, американската армија ќе го „удри Иран екстремно силно во следните две до три недели“.

