Трамп и Меланија ја напуштија Белата куќа: Постигнав многу за време на мојот мандат- ќе се видиме повторно во некоја друга форма

Досегашниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја напушти Белата куќа и му го препушти претседателскиот Кабинет на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Во краткото обраќање пред новинарите по полетувањето, Трамп рече дека постигнал многу за време на неговиот мандат и рече дека тој и неговата сопруга Меланија го сакаат американскиот народ, додаде Гардијан.

Toj, заедно со својата сопруга Меланија, слета во заедничката база Ендрус на неговата церемонија за испраќање.

– Имавме неверојатно 4 години. Работевме напорно и се сакавме. Ви благодарам и на вам, мои поддржувачи, им благодарам на членовите на моето семејство и на сите мои соработници. Ми беше огромна чест и привилегија да ви бидам претседател. Секогаш ќе се борам за вас, ќе ве слушам и ќе ве следам. Ве сакаме и ќе се видиме повторно во некоја друга форма– им порача Трамп на поддржувачите.

Пред новинарите се обрати и Меланија која рече дека никогаш нема да ги заборави овие 4 години и дека ги сака Американците и дека се една прексрасна нација.

Трамп нема да присуствува на денешната инаугурација на eо Бајден за претседател на Соединетите држави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега