Close Menu
Press24
    Најново

    Ладно утро, потоа пролет – Ова се температурите низ Македонија

    04.03.2026 во 09:14

    ДЗР откри: Некој „здиплил“ 30 лаптопи од Министерството за односи меѓу заедниците

    04.03.2026 во 09:08

    Полицијата застанала скопјанка – Таа почнала да дивее

    04.03.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ладно утро, потоа пролет – Ова се температурите низ Македонија
    • ДЗР откри: Некој „здиплил“ 30 лаптопи од Министерството за односи меѓу заедниците
    • Полицијата застанала скопјанка – Таа почнала да дивее
    • Ученик истепан во училишен двор во Чаир
    • Мицкоски се сретна со Руте – потврда за силното партнерство и заемната доверба
    • Измама во Македонија: Му земал 2.000 евра и исчезнал
    • Кривична за Словенец – Мислел дека ќе ги измами цариниците на Табановце
    • Полицијата ги фати: Уапсени четворица скопјани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп го откажал вториот бран напади врз Венецуела по договор за соработка

    Трамп го откажал вториот бран напади врз Венецуела по договор за соработка

    09.01.2026 во 19:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека го откажал вториот бран напади врз Венецуела откако Каракас се согласи на соработка. Тој истакна дека САД и Венецуела сега добро соработуваат, а големите нафтени компании се подготвени да вложат најмалку 100 милијарди долари во обновата на инфраструктурата.

    „Ова е многу важен и паметен гест. САД и Венецуела добро соработуваат, посебно кога станува збор за обнова, во многу поголем, подобар и помодерен облик, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, што изгледа нема да е потребен, но сите бродови ќе останат на место поради безбедност“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

    Трамп исто така оцени дека ослободувањето на голем број политички затвореници е знак за „потрага по мир“. Во интервју за „Фокс њуз“, тој најави дека венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо следната недела ќе го посети Вашингтон, иако претходно ја отфрлаше идејата за соработка со неа, оценувајќи дека „нема поддршка или почитување во земјата“.

    Во меѓувреме, американската морнарица заплени танкер во Карипското море во близина на Тринидад. Танкерот „Олина“, кој пловел под лажно знаме на Источен Тимор, претходно испловил од Венецуела и се вратил во регионите каде што беше пресретнат. Ова е петта акција на американската морнарица во последните недели.

    По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери кои се под санкции да влезат или да ја напуштат територијата на јужноамериканските земји-членки на ОПЕК.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.