Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет

    04.03.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
    • САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
    • Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
    • Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
    • 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
    • Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
    • Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
    • Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран

    Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран

    05.01.2026 во 20:504 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на американските сили, претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата администрација упатија предупредувања до други држави – Колумбија, Куба, Мексико, Иран и кон самоуправната територија на Данска, Гренланд.

    -Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата може слободно да тече. Американската доминација на западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање, изјави синоќа Трамп.

    Гренланд е важен за заштитата на националната безбедност на САД 

    Тој вчера повтори дека Гренланд им е потребен на САД поради националната безбедност.

    -Ни треба Гренланд … Во моментов е толку стратешки важен. Гренланд е покриен со руски и кинески бродови насекаде. Ни треба Гренланд од перспектива на националната безбедност, а Данска нема да може да го направи тоа, посочи Трамп.

    На изјавата на Трамп реагираа премиерот на Гренланд и на Данска, Јенс Фредерик Нилсен и Мете Фредериксен.

    Сегашната и повторувана реторика што доаѓа од САД е целосно неприфатлива. Кога претседателот на САД зборува за потребата од Гренланд и нè поврзува со Венецуела и воена интервенција, тоа не е само погрешно. Тоа е непочитување. Нашата земја не е предмет во реториката на големите сили. Ние сме народ. Земја. Демократија, посочи денеска Нилсен.

    Додека Фредериксен денеска изјави дека намерите на Трамп за преземање на контролата врз Гренланд треба да се сфатат сериозно. Воедно, таа повтори дека и Данска и Гренланд категорично ги отфрлаат таквите амбиции.

    Таа потсети дека Гренланд во повеќе наврати соопштил дека не сака да биде дел од САД.

    -Ако САД нападнат друга земја членка на НАТО, тогаш сè завршува, изјави уште Фредериксен.

    Трамп вчера го нападна и претседателот на Колумбија, Густаво Петро, опишувајќи го како „болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава во САД, а тоа нема уште долго да го прави“.

    Тој одговарајќи на новинарско прашање дали е можна операција во Колумбија, Трамп истакна – „мене тоа му звучи добро“.

    Петро денеска на платформата Икс ги отфрли заканите и обвинувањата на Трамп дека е поврзан со трговија со дрога, истакнувајќи оти во Колумбија е запленета најголемо количество дрога во светот.

    -Моето име не се појавува во судските записи. Престанете да ме клеветите, господине Трамп, истакна Петро.

    Тој посочи дека не треба на таков начин да му се закануваат на „латиноамерикански претседател кој потекнува од вооружена борба, а потоа и од борбата на колумбискиот народ за мир“.

    Трамп повеќе пати го обвинуваше Мексико дека не прави доволно за борба против нарко-картелите и оти „мора нешто да се преземе“.

    Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум денеска изјави дека нејзината земја „соработува со САД, вклучително и од хуманитарни причини, за да спречи фентанилот и другите дроги да стигнат до нивното население, особено до младите луѓе. Не сакаме фентанилот или која било друга дрога да стигне до ниту едно младо лице, без оглед дали е во САД, во Мексико или каде било на друго место во светот“.

    Таа додаде додека историјата на Латинска Америка покажува дека интервенциите не донеле демократија.

    -Само народите сами можат да ја градат сопствената иднина, да одлучуваат за својот пат, да го остварат суверенитетот над своите природни ресурси и слободно да го дефинираат својот облик на владеење … За Мексико, како што треба да биде за сите Мексиканци, суверенитетот и самоопределувањето на народите не се ниту опција ниту предмет на преговори. Мексико цврсто верува дека Америка не припаѓа на ниедна доктрина или моќ. Американскиот континент им припаѓа на народите на секоја од своите земји, истакна Шајнбаум.

    Трамп не и се закани на Куба со воена интервенција, посочувајќи оти „таа сама ќе падне“.

    Мислам дека не ни трева никаква акација. Изгледа дека пропаѓа. Не знам дали ќе издржи, но Куба сега нема приходи. Сите нивни приходи доаѓаа од Венецуела, од венецуелската нафта, истакна Трамп.

    Претседателот на Куба, Мигуел Диаз-Канел вети дека нема да дозволи кубанско-венецуелскиот сојуз да се распадне без борба.

    За Венецуела, секако за Куба, ние сме подготвени да ги дадеме дури и сопствените животи, но по висока цена, наведе Дијаз-Канел на митинг во Хавана.

    Трамп испрати и предупредување до Иран, каде деветти ден по ред, има протести поради влошената економска состојба, при што загинаа 19 луѓе. Трамп ги предупреди иранските власти дека ќе бидат „силно нападнати“ ако има уште жртви.

    -Многу внимателно ја следиме ситуацијата. Ако почнат да убиваат луѓе, како што правеа и претходно, мислам дека САД многу силно ќе нападнат, наведе Трамп.

    Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи вчера му порача на Трамп дека Исламската Република „нема да се предаде на непријателот“ и оти демонстрантите треба да бидат „ставени на свое место“.

    Трамп и минатиот месец му се закани на Иран со нови напади, ако Техеран се обиде да ја обнови нуклеарната програма.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.