Трамп ги изненади сите: Добив Нобелова награда за Србија и Косово, а требаше поради Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп направи лапсус на предизборниот митинг во Њу Хемпшир кога рече дека ја добил Нобеловата награда за мир.

Тој изјавил дека наградата ја добил поради неговите меѓународни дипломатски способности и учество во преговорите меѓу Белград и Приштина, но брзо се поправи и рече дека мислел на номинацијата за таа награда.

Трамп соопшти дека добил уште една награда заради „нешто друго“, и дека требало да ја добие поради неговата работа во Сирија, пренесува „Индипендент“.

„Србија и Косово, затоа потпишавме договор, па тие ми дадоа награда за тоа, ми ја дадоа Нобеловата награда за нешто друго. Требаше да ми ја дадат Нобеловата награда за она што го направив во Сирија“, рекол Трамп.

Сепак, откако го изјави тој, тој брзо се поправил и рекол дека сепак се само номинации за Нобелова награда.

„Кога велам Нобелова награда, мислам на номинацијата“, соопштил Трамп.

Оваа година добитник на Нобелова награда за мир е Светската програма за храна на Обединетите нации за придонесот во борбата против гладот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега