Американскиот претседател Доналд Трамп извојува важна политичка победа во Вашингтон, откако Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на неговите воени овластувања во конфликтот со Иран. Со 53 гласа „против“ и 47 „за“, сенаторите го отфрлија предлогот на демократот Тим Кејн, со кој се бараше итен прекин на сите непријателства кои не се одобрени од Конгресот.

Иако лидерот на демократите, Чак Шумер, жестоко обвини дека Трамп ја втурнал Америка во војна без јасен план и овластување, републиканското мнозинство застана зад претседателот. Изненадување на гласањето беше демократот Џон Фетермен кој гласаше „против“ резолуцијата, додека републиканецот Ранд Пол ја поддржа иницијативата за ограничување на моќта на Белата куќа.

Exit mobile version