Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти е близу до постигнување договор за крај на војната во Газа, пренесува Ројтерс.
Како што им изјави на новинарите на излегување од Белата куќа, договорот за враќање на израелските заложници е близу.
Синоќа, Трамп изјави дека во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочил дека „договорот“ во врска со ситуацијата во Газа е „прилично блиску“.