Заменик министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков, учествува на годинешниот Балкански економски форум 2025, што се одржува во Белград.

Форумот, кој се одржува под мотото „За посветла иднина“, претставува водечка регионална платформа за економски дијалог и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, со цел поттикнување на одржлив развој, регионална интеграција и зајакнување на економските врски.
Заменик министерката Трајков во панел-дискусијата посветена на економската конвергенција и европската интеграција на регионот, ги истакна македонските искуства и приоритети во процесот на приближување кон Европската унија.
Во рамки на форумот, предвидени се и средби со претставници на институции, меѓународни организации и деловната заедница, со цел унапредување на економската и европската соработка на Македонија со земјите од регионот.