Close Menu
Press24
    Најново

    Колони возила на бензиските – се чека ред за точење

    09.03.2026 во 23:41

    Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа

    09.03.2026 во 23:17

    Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“

    09.03.2026 во 22:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Колони возила на бензиските – се чека ред за точење
    • Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа
    • Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
    • Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети
    • Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници“
    • Путин му се јави на Трамп: Разговарале цел час
    • Тинејџери со автомобил излетаа од патот
    • Важно за сите Македонци во Кувајт: Владата организира специјален лет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети

    Трајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети

    09.03.2026 во 22:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Оваа влада е лицемерна и нема чувство кога се во прашање приоритетите и потребите на граѓаните, нагласи потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју во емисијата „360 Степени“.

    Трајановски посочи дека додека граѓаните се соочуваат со се потешки услови за живот, со цени кои секојдневно растат и допрва ќе растат со последните поскапувања на горивото, власта зборува за сосема погрешни приоритети и нема слух за 600 евра минимална плата.

    „Кое е тоа лицемерие, да се зборува за потреба од купување владин авион, а од друга страна да се прават слепи пред работниците. Да се прават слепи на барањата за минималната плата, и  во исто време да нарачуваат  манго и папаја“,рече Трајановски.

    Тој додаде дека секогаш кога државата  ќе влезе во инфлација или кога ќе станат неподносливи условите за живот на граѓаните, владата е должна да ги искористи сите механизми за да им помогне на граѓаните, како што тоа го правеше владата на СДСМ во првите години од мандатот, но и во најтешките кризи.

    „Ако зборуваме за минималната плата, се гледа целото лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Ние во првите две години од нашето владеење од 8.000 ја покачивме минималната плата на 14.600 денари, што е околу 60% зголемување. Потоа се боревме и со ковид-криза и со енергетска криза и стигнавме до 23.000 денари. Разликата од тоа време и кризи и  ова време сега не може да се спореди. Така што целото владеење на оваа влада има една надолна линија“,  рече Трајановски.

    Популарно

    Трагедија за Осми Март, мајка и ќерка заедно заминаа во смрт – Марина и Валентина загинаа во страшна сообраќајка во Србија

    09.03.2026 во 09:07

    Дневен хороскоп: Време е за „план Б“ – стара идеја денес станува моќна реалност

    09.03.2026 во 09:00

    Нафтен шок: Драстично поскапе нафтата

    09.03.2026 во 09:12

    Наточете со време: Дизелот поскапува за 14,5 денари, голем скок и кај бензинот

    09.03.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.