Close Menu
    Најново

    Мелони: Внатрешната неспособност е најголемата закана за ЕУ

    17.12.2025 во 21:47

    Сенатот со големо мнозинство го одобри законот за национална безбедност

    17.12.2025 во 21:43

    Димитриевски во дневникот на Сител: Нема место за мигранти во Македонија и точка

    17.12.2025 во 21:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мелони: Внатрешната неспособност е најголемата закана за ЕУ
    • Сенатот со големо мнозинство го одобри законот за национална безбедност
    • Димитриевски во дневникот на Сител: Нема место за мигранти во Македонија и точка
    • Путин: Западот ја распарчи Југославија и Србите
    • Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ или си тезгарош
    • Мицкоски со порака од Брисел: Да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања
    • Мисајловски: Една милијарда денари за македонските пожарникари
    • Путин му ветил на Орбан: Москва ќе го земе предвид ставот на секоја земја за замрзнатите средства
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

    Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

    02.10.2025 во 21:54
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, на денешната трибина ги презентираше своите планови за целосна трансформација на општината, од чиста и зелена средина, дигитализирано образование до воведување локален сервис за парамедицинска помош.

    „Заслужуваме чиста и зелена општина во која достоинствено ќе живееме!“, порача Трајановски, најавувајќи реформа на комуналните служби со зголемување на плати, нова опрема и редовно миење улици. „Аеродром мора темелно да се исчисти. Нема човек кој не се согласува со ова.“

    Трајановски потенцира дека „вечерва ставаме крај на едно крајно недомаќинско и неодговорно управување со Општина Аеродром“. Тој истакна дека ќе стави крај на „жолтите и неискосени тревници, ѓубрето на секој чекор и отровниот воздух што не труе и нас и нашите деца”. Појаснувајќи дека Аеродром не смее да стане уште една скопска депонија, тој повика граѓаните да се борат за својот дом. „Аеродром е нашиот дом, и повторно ќе биде наша скопска гордост“

    Трајановски најави изградба на две нови градинки во Мичурин и Ново Лисиче и проширување на постојните, со цел да се реши проблемот со листите за чекање. 

    „Нема да дозволиме нови висококатници во најгусто населените делови. Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата“, порача Трајановски, додавајќи дека наместо тоа, општината ќе добие повеќе зеленило, игралишта и СМАРТ осветлување.

    Во сообраќајот најави воведување „зона 30“ на сервисните улици, нови паркиралишта и катни гаражи. Во образованието најави дигитализација и укинување собирање средства од родителите за основни потреби.

    Во здравството најголем новитет е воведување локален сервис за парамедицинска помош, што според него е потребно заради долгите чекања на брзата помош.

    Посебен акцент стави на младите,  формирање Фонд за млади и изградба на културен центар со кино, театар и изложбен простор.

    Покрај тоа, најави изградба на нова општинска зграда за поефикасно да им се служи на граѓаните, како и подобрување на инфраструктурните врски со соседните општини.

    „Мојот МЗТ, нашата аеродромска гордост, мора повторно да победува преку враќање на младинската школа и трајно решавање на проблемот со финансирањето “, рече Трајановски, повикувајќи ги граѓаните на 19 октомври да го заокружат бројот 5.

    Популарно

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Газдата на „Дурмо турс“: Го оперирав тестисот, до одморам 20-30 дена и се јавувам во затвор

    16.12.2025 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.