Вчера во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат Б.С.(31) од Скопје.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син Б.С.(31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.
- (ФОТО) Нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром: Се воведуваат еднонасочни улици и над 400 нови паркинг-места
- Млада девојка од Кичево кривично ќе се гони – фрлала марихуана низ прозорец од „мерцедес“ при полициска контрола
- Малолетник со мотоцикл удрил 3-годишно дете во Велес
- Вознемирен скопјанец се јавил во полиција: Сопругата ме претепа, па ми се закани со остар предмет
- Избегната трагедија во Скопје – Се запали автобус на ЈСП додека превезувал патници
- „Жена влезе со нож и ни се закани“ – Хорор во продажен објект во Радишани
- “Истури врело кафе врз мене“ – гостиварчанка се здобила со изгореници по расправија со сопругот
- Савески: Eден обвинител работи работа за тројца


