Обвинителот Борче Јанев на судењето за „Пулс“ детално го опиша почетокот на криминалната шема во 2012 година, која му овозможила на објектот да работи како дискотека.

Обвинетиот Дејан Јованов во октомври 2012 дошол на идеја да го пренамени објектот на Гроздан Милковски, кој служел како магацин за текстил, во дискотека.

Јованов ја ангажирал Милка Едровска, која изработила проект и елаборати спротивно на должностите, креирајќи лажна претстава дека објектот може да исполнува безбедносни стандарди.

Првично, Општина Кочани реагирала:

  • На 06.11.2012, Општина Кочани испратила барање за неиздавање лиценца.
  • На 13.11.2012, Министерството за економија, потпишано од министерот Ваљон Сараќини и изготвено од обвинетиот Џеваир Камбери, донело Решение со кое се одбива барањето за лиценца.

„Тогаш прв и последен пат се активираат законските проверки и контроли“, рече Јанев, нагласувајќи дека Обвинителството има докази дека Камбери примил поткуп за издавање на некои од лиценците.

Јанев посочи дека Дејан Јованов, во период од само две недели, успеал да ги отстрани сите бариери, со поднесување на ново барање за лиценца.

Exit mobile version