Трагедија ја потресе Србија и регионот за Осми Март, кога две жени, мајка и ќерка, заедно заминаа во смрт, по страшна сообраќајна несреќа.
Според податоците од српските медиуми, во 14 часот и 30 минути вчера, на 8 Март, дошло до сообраќајна несреќа кај Корман Поље, во близина на Шабац, кога 49-годишната Марина М. и нејзината ќерка, 25-годишната Валентина М. се обиделе да претекнат возило, па се забиле во возило кое доаѓало од спротивната насока на патот.
Мајката и ќерката се наоѓале во автомобил „Голф 6“ и починале на самото место од здобиените повреди.
Во другото возило, „Ауди“, биле маж и жена кои се здобиле со повреди и биле пренесени на лекување во болницата во Шабац.
Истрагата за несреќата е во тек.

