Најмалку две лица го загубија животот, а десетици се повредени во голем пожар што избувна рано утрово во хотелот „Спорт“ во градот Будакеши. Пламенот целосно го зафатил покривот на двокатната зграда на улицата „Зичи Петер“, а според првичните сознанија, причина за несреќата е експлозија на плинска боца.
Градоначалничката на градот, Отилија Ѓери, потврди дека пожарот избувнал во текот на ноќта, околу 02:15 часот. Пожарникарите успеале да евакуираат дел од гостите, но при пребарување на урнатините биле пронајдени телата на две жртви.
„Според моменталните информации, има мртви и тешко повредени лица“, објави градоначалничката Ѓери, нагласувајќи дека спасувачките екипи сè уште трагаат по евентуални дополнителни жртви.
Медицинските служби информираат дека повеќе од 20 лица се здобиле со полесни повреди, но неколкумина се наоѓаат во сериозна и животозагрозувачка состојба. Истрагата за точните причини за експлозијата е во тек.


