Трагедија во Тетово: Шестгодишно девојче загина во сообраќајка - ја прегазил „голф“

 

Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската  полиција. Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.

-Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега